Само „лавовите“ победија лани во Скопје, на ред е реванш: Пуштени билети во продажба за Вардар – Рајн Некар

Единствен тим што го победи европскиот шампион Вардар во Скопје во текот на минатата сезона беше Рајн Некар. Германскиот првак и оваа сезона повторно ќе гостува во Скопје, а натпреварот меѓу Вардар и „лавовите“ во рамките од групната фаза од Лигата на шампионите е прогласен за „меч на неделата“.

Дуелот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 18 ноември 2017 година, а со цел сите заинтересирани навреме да купат билети, истите се веќе пуштени во продажба. Продажбата на билетите за натпреварот Вардар – Рајн Некар ќе се врши преку продажната мрежа на Тикет Плус, како и онлајн на www.ticketplus.mk.

Цените на билетите за овој натпревар се:

Трибина – 350 денари
Стоење – 150 денари

Имателите на Вардар ПАСС и сезонска картичка на Вардар можат да присустуваат на овој натпревар само со приложување на картичките на влезот од СЦ „Јане Сандански”.