Само битолските суперлигаши имаат тренери со „master coach“ лиценца

Пред почетокот на натпреварите во Супер лигите во машка и во женска конкуренција беа објавени имињата на тренерите коишто ќе ги водат клубовите во првиот дел од сезоната, а меѓу нив се двајца коишто веќе имаат „мастер тренер“ лиценца.

Се работи за тренерите на тимовите од Битола. Андон Бошковски од Еурофарм Работник вчера се стекна со ваква тренерска лиценца, додека Стевче Алушевски кој е на кормилото на Пелистер веќе има „мастер тренер“.

Пелистер има дури тројца лиценцирани тренери за водење на тимот во машка конкуренција додека другите клубови имаат по еден.

Кај дамите меѓу лиценцираните тренери ја нема Ирина Дибирова во првиот тим на Вардар, но таа ќе биде на клупата. Затоа лиценца има за Аце Станковски и Роберто Гарсија Парондо. Инаку, кај мажите во девет екипи се лиценцирани 11 тренери, додека кај дамите во осум тима вкупно девет стратези.

Тука се и тренерите на Вардар и Металург, но тие се вклучуваат напролет во плеј-оф рундата.

ЛИЦЕНЦИРАНИ ТРЕНЕРИ ЗА СЕЗОНА 2017/2018

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ВАРДАР ЈУНИОР: Стојан Петрушевски

МЕТАЛУРГ 2: Никола Матлиевски

БОРЕЦ: Васил Василев

ПРИЛЕП: Ице Соколески

ПРОЛЕТ: Илија Темелковски

ОХРИД 2013: Горан Андоновски

РАДОВИШ:  Љупчо Мијалов

ЕУРОФАРМ  РАБОТНИК: Андон Бошковски

ПЕЛИСТЕР: Стевче Алушевски, Михајло Силјанов, Златко Вељановски

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА

ВАРДАР: Роберто Гарсија Парондо, Ацо Станковски

МЕТАЛУРГ: Јулијана Дамчевска

ГЕВГЕЛИЈА: Татјана Бојкова

ПЕЛИСТЕР: Викторија Мурговска

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Илија Бетувски

ДЕСПИНА: Страшо Илиески

ВАРДАР ЈУНИОР: Симе Симовски

КУМАНОВО: Димитар Антевски