Салата во Битола се шминка и внатре и од надвор (ФОТО)

Тимот на Еурофарм Работник до крајот на претстојната седмица би требало да добие потврден одговор за настап во салата “Боро Чурлевски” во двете меѓународни натпреварувања, Лигата на шампионите и СЕХА лигата.

Во текот на денешниот ден започна реконструкцијата на паркингот пред салата, а целосно е променето осветлувањето внатре во салата. Се реновираа и санитарните чворови за посетителите, а ќе мора да биде комплетно променет просторот од страната кај соблекувалните за да има простор за ВИП соби.

Една од постоечките простории мора да биде адаптирана во прес сала, каде што ќе се одржуваат прес конференциите пред и по натпреварите, а корекции ќе бидат потребни и на новинарската трибина.

Потребен е и втор семафор, нова фасада, а веројатно сите овие работи доколку не бидат завршени пред 3 септември, односно првиот дуел од СЕХА, ќе се завршуваат тековно.

Фото: tvtera.mk