Саздовски пак најдобра, го носи Бенсхајм во Бундес лига

Ракометарките на Бесхјам Ауербах предводени од македонската интернационалка Ивана Саздовски, ја забележаа и осмата победа во низа во Втората Бундес Лига и се уште немаат пораз. Најновата „жртва“ беше тимот на Курфалц Барен, над кој беше остварена победа со 29:24.

Најзаслжна за оваа победа повторно е Саздовски, која беше прв стрелец со 6 голови од 6 обиди, а заработи и жолт картон и едно исклучување. Бенсхајм следниот предизвик ќе го има на гостински терен кај составот на Розенгартен.