Саздовски најдобра во новата победа на Бенсхајм

Поранешната македонска репрезентативка Ивана Саздовски, беше најдобар стрелец во новата победа на нејзиниот тим Бенсхајм со 17:15, на гостувањето кај Херенберг, во меч од 2 коло на Втората Бундес лига.

Саздовски постигна 5 голови од 5 обиди, а заработи и еден жолт картон. Ова беше втора победа за еден од фаворитите за пласман ранг погоре, а следниот меч ќе го игра на домашен терен против Звицкау.

Фото: flames-handball.com