Саздовска: Пријателските со Црна Гора се само загревање за тоа што нè чека на Фарски Острови

Левото крило на Металург, Јована Саздовска е една од оние ракометарки со поголем стаж во подмладената селекција на Симе Симовски. Во пресрет на пријателските натпревари со Црна Гора, кои ќе бидат подготовки за квалфикацискиот турнир на Фарски Острови за пласма во баражот за СП, таа говореше за 24ракомет.

„Прилично сум возбудена што по неколку месеци пауза се собираме со мите репрезентативни колешки за да одиграме два пријателски натпревари со репрезентацијата на Црна Гора. Ќе ги слушаме инструкциите на селекторот Симовски и ќе влеземе во мечевите со ладни глави. Ова е само загревање за квалификацискиот турнир за СП каде што сме во група со Фарските Острови, Австрија и Исланд. Се надевам дека овие натпревари ќе ни послужат да ја добиеме потребната хемија и да го кренеме моралот на високо ниво.“ – изјави Саздовска за 24ракомет.