Саздовска и Ристовска „летаа“ над Овче Поле

Ракометарките на Вардар по победата над ФТЦ во Лигата на шампионите, веднаш им се вратија на домашните обврски во Женската Лига и со само 10 ракометарки во ростерот го демолираа составот на Овче Поле СУ кој си замина со полна мрежа голови од Скопје.

Победи Вардар со 57:18, а крилата Јована Саздовска и Сара Ристовска кои го одиграа целиот меч постигнаа по 15 голови, вкупно 30, или повеќе од половина на тимот. Теа Керамичиева беше стрелец на 14, додека 5 даде Кликовац. Кај Овче Поле СУ, Драгана Стојанова постигна 6 погодоци.