Саздовска и колешките без трофеј во Супер купот на Германија

Екипата на Турингер која во минатата сезона остана без трофејот во првенството на Германија остана и без пехар во Супер купот на стартот на новата сезона.

Тимот за кој настапува репрезентативката на Македонија, Јована Саздовска загуби од шампионот на Германија, Битигхајм со 26:27 така што освојувачот на Купот и понатаму не може до трофејот во Германија.

На оваа средба Саздовска успеа да дојде до еден погодок, а сега ќе мора да бидат далеку на повисоко ниво во првенството ако сакаат да дојдат до пехар во сезоната која претстои.