Саздовска вети максимум од силите против Шведска

После лошиот резултат на гостувањето на 13 јуни, ракометарките коишто се дел од репрезентацијата на Македонија денеска сакаат далеку подобар резултат и посакуваат да успеат да се изборат за далеку подобар резултат.

Девојките се мотивирани и сите го потврдуваат тоа во коментарите.

„Добро ја познаваме репрезентацијата на Шведска. Знаеме дека тоа е истата селекција со која игравме и во баражот. Немавме многу време за тренирање. Се собравме и брзо ни дојдоа натпреварите во Турција. Како одминуваше времето ја кревавме формата. Одигравме две средби со најсилната селекција на Турција и имавме пораз и реми, но ја совладавме Италија. Мислам дека сме подготвени за надигрување“, вели левото крило во репрезентацијата, Јована Саздовска.

Таа вели дека сезонава има напредок во својата игра и дека очекува тоа да го покаже на теренот.

„Очекувам денеска да прикажаеме добра игра. Немаме притисок и ќе можеме да го прикажеме најдоброто. Чувствувам добри промени кај мене во играта после тренизите во Вардар. Одам во нагорна линија и сум подобро подготвена од претходно“, коментираше Саздовска.

Средбата се игра од 18:30 часот, а Шведска е фаворит. Сепак, девојките се без притисок и од нив се очекува да одиграат слободно.