Савица Мркиќ најдобар стрелец, Бор минимално загуби од Раднички

Тимот на Бор РТБ, каде што настапува македонската интернационалка Савица Мркиќ загуби минимално до 25:24 на домашен терен од Раднички Крагуевац во рамките на натпреварот од 9 коло во српскиот шампионат.

Мркиќ беше најдобар стрелец во домашниот тим со 9 постигнати голови, но ниту тоа не му помогна на нејзиниот тим да стигне до поволен резултат, иако на полувремето имаше предност. Левиот бек заработи и две искучувања во текот на дуелот. Следен натпревар за Бор е на домашен терен против Бекамент Буковичка Бања.