Савица Мркиќ му донесе победа на Бор против Јагодина

Македонската интернационалка Савица Мркиќ, која од оваа сезона го носи дресот на српскиот Бор, беше најдобар стрелец на мечот против Јагодина, кој нејзиниот тим го доби со 22:19.

Мркиќ која има солидно интернационално искуство настапувајќи во Грција, Косово, Шпанија и Романија, постигна 5 голови против Јагодина, а доби и едно исклучување од две минути.