САБОТНО РАКОМЕТНО ЛУДИЛО: ВАРДАР НА МЕГДАН СО ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН, ЖРК ВАРДАР ПО РЕВАНШ НА ГОСТУВАЊЕТО ВО ЃЕР!

Денешниот ден ќе биде вистинско ракометно уживање за вардаровите фанови и за сите македонски љубители на ракометот. По преземањето на ракометните секции на Вардар од страна на господинот Сергеј Самсоненко, Македонија има можност во едно саботно попладне да го гледа најдоброто од Европа.

Машкиот и женскиот состав на Вардар денешните натпревари ги очекува од врвот на групите Ц и Б.

ЃЕР-ЖРК ВАРДАР (Ауди Арена, Ѓер 16:30)

Најпрво со почеток од 16 часот и 30 минути, ЖРК Вардар гостува на жешкиот терен во Ѓер, каде црвено-црните девојки во директен дуел за првото место ќе се обидат да му се реваншираат на домаќинот за стартниот пораз на отворањето во ЛШ. Токму овој пораз на домашен терен ги разгневи домашните љубители на ракометот, кои предвреме почнаа да го отпишуваат ЖРК Вардар во борбата за фајнл-фор. Сепак девојките одговорија на најдобар можен начин, забележувајки три победи по ред. Посебно импресивен беше настапот во двомечот против дански Митјиланд кој буквално беше декласиран на двата натпревари. Вардар и Ѓер со по три победи и еден пораз влегуваат во овој натпревар. Останува вечерва вардарки да ја продолжат таа серија и со трумф во Ѓер да докажат дека и оваа година се едни од најголемите фаворити за европскиот трон.
Судии на натпреварот ќе бидат швајцарците Брунер и Салах.

Jovanka

БАРСЕЛОНА-ВАРДАР (Палау Блауграна, 19:30)

По завршувањето на женскиот дуел на програмата е дербито на групата Б во машка конкуренција. Четата на Раул Гонзалес ќе го има најтешкото гостување против актуелниот европски шампион Барселона. Предводени од македонската ракометна икона, Кирил Лазаров, католонците ќе атакуваат на петтата победа со која би се искачиле на првата позиција во групата Б. Барселона во досегашниот дел од натпреварувањето има стопроцентен ефект на домашен терен (победи над Кристијаншдад, Монпелје, Колдинг), а на гостувањата има една победа(Пик Сегед), нерешен резултат(Киелце) и пораз (Рајн Некар Ловен). За разлика од нив вардарци во овој натпревар влегуваат од лидерската позиција. Во досегашниот дел од ЕХФ Велукс Лигата на шампионите, македонскиот шампион има пет победи и само еден пораз на гостувањето во Копенхаген против Киф Колдинг. Ова ќе претставува вистински тест за избраниците на Гонзалес кои по освоениот бод во Веспрем (Сеха лига), со голема самодоверба влегуваат во дуел со европскиот шампион.

EHF(cl)-Vardar-Kielce-6916

КОМИТИ ЌЕ ГРМАТ ВО „ПАЛАУ БЛАУГРАНА“

На денешното гостување во Барселона најавено е и присуството на вардаровата армија навивачи, популарните Комити. По немилите настани кои ги затекнаа во Франција, Комити го продолжија своето патешествие и пристигнаа во Барселона. Како и секогаш момците во црвено-црно се очекува да бидат осмиот играч на Вардар и голема подршка кон нов голем триумф во Лигата на шампионите.

Komiti

Натпреварот започнува од 19 часот и 30 минути а ќе го суди чешката судиска двојка Хорачек-Новотни.