Сабине Педерсен во Митјиланд

Кружниот напаѓач на Виборг, Сабине Педерсен следната сезона ќе настапува за екипата на Митјиланд. Сабине Педерсен потпиша двегедишен договор со Митјиланд. По три сезони поминати во Виборг, 28 годишната ракометарка одлучи да ја смени средината. Според најавите подготовките на Митјиланд ќе бидат на 16 јули. Сабине Педерсен во Митјиланд ќе ја дели минутажата со вториот пикер Сузан Торсгорд. Својата ракометна кариера Педерсен ја градеше во неколку клубови: Фредерикишавн,  Алборг и Виборг. Со екипата на Виборг оваа сезона го освои купот на победниците на куповите и шампионската титула на Данска, а во сезоната 2012/13 со истата екипа настапуваше во Лигата на шампионите.