Сабате: Во Скопје многу тешко се победува

Во пресрет на првиот четвртфинален натправар помеѓу Вардар и Веспрем, тренерот на гостите Ксавиер Сабате е свесен за тежината на ова гостување од каде само Барселона успеа да замине со полн плен. Но и покрај тоа шпанецот верува во квалитетите на својата екипа и добар натпревар во СЦ”Јане Сандански”.

“Тоа ќе биде многу тежок натпревар. Вардар е предводен од одличен тренер и од година во година се повеќе се развива како клуб. Во составот има огромен фонд на квалитетни ракометари а атмосферата во салата е фантастична. Знаеме дека ќе биде многу тешко да ги победиме, но ќе се обидеме. Сигурен сум дека ако одиграме добро не секое поле можеме да стигнеме до победата, но ќе повторам мора да одиграме перфектен натпревар. Одигравме добро во финалето на СЕХА против истиот противник иако не го отворивме најдобро натпреварот. После такво лошо отворење тешко е да се вратите во игра против тим како Вардар но ние успеавме со што покажавме дека можеме. Доколку нешто треба да промениме тоа дефинитивно е стартот на натпреварот”.- изјави Сабате пред важното гостување во Скопје.

Натпреварот помеѓу Вардар и Веспрем е закажан за сабота (23.04.2016) со почеток од 16:00 часот во СЦ”Јане Сандански”.