Сабате: Веспрем е екипа која никогаш не се откажува, благодарност до фантастичните навивачи!

По завршувањето на возбудливиот и до последните моменти неизвесен финален натпревар помеѓу екипите на Вардар и Веспрем кој му припадна на унгарскиот шампион со 28-26, свое видување за дуелот дадоа тренерите на двете екипи, Раул Гонзалес и Хавиер Сабате, како и ракометарите Марсениќ и Алиловиќ.

Раул Гонзалес (тренер, Вардар)

Честитки за екипата на Веспрем, играчите и тренерот кој е одличен. Изгубивме, но задоволен сум бидејки игравме многу добро.Беше ова брз натпревар. Бевме подобри во првото, а Веспрем во второто полувреме. Изгубивме во последните три минути, но сепак морам да бидам задоволен од играта која ја прикажавме.

Мијајло Марсениќ (пикер, Вардар)

Изгубивме од екипа која е една од најдобрите три екипи во Европа. Како што кажа Сабате, Мирко беше одличен бранејки неколку тешки топки кои доколку ги погодевме кој знае како ќе завршеше натпреварот. Уште еднаш сакам да му честитам на Вардар за одличниот натпревар.

Хавиер Сабате (тренер, Веспрем)

И честитам на екипата на Вардар за добрата игра. Ова беше фантастичен фајнл-фор, одлична игра на Вардар, кој има двајца одлични тренери на кои сакам да им честитам. Вардар одлично го започна натпреварот и по нашите промашувања казнуваше преку контри. Но ние сме екипа која не се откажува, во второто полувреме Мирко фати доста топки со кои ја направи разликата. Сакам да им се заблагодарам на сите мои играчи, нашите навивачи и организаторот на турнирот.

Мирко Алиловиќ (голман, Веспрем)

Честитам на Вардар и на навивачите кои направија спектакл. Сеха лигата од година во година се повеќе расте и го покажува својот квалитет на секое поле. Вардар подобро го отвори натпреварот, но успеавме да се вратиме на крајот на првиот дел. Во второто полувреме имавме повеќе срека и успеавме да го добиеме овој натпревар. Уште еднаш сакам да и честитам на екипата на Вардар за одличната игра и фер натпревар.