РФМ одлучи: Суспензија од осум месеци за Милан Левов

Минатото коло во македонската Суперлига помина во сенка на инцидентот кој се случи на натпреварот меѓу Радовиш и Работник. По грубиот старт на ракометерот Ашраф Адли од Работник, правдата во свои раце ја превзема оштетениот ракометар на Радовиш Милан Левов и физички го нападна противникот. Сето тоа резултираше со два сини картони и дисквалификација на двајцата ракометари, а по прегледување на видео материјалот и сведочењето на судиите на натпреварот, дисциплинската комисија при РФМ се одлучи да изрече строга санкција врз ракометарот од Радовиш.
Милан Левов нема да има право на настап во македонската лига во наредните осум месеци, односно до крајот на оваа сезона, поради суспензија од ракометната федерација на Македонија.

kazna-levov

Милан Левов оваа сезона пристигна во составот на Радовиш, како засилување на десната бековска и крилна позиција, а во својата кариера настапувал за Тиквеш, Преспа, Вардар, Металург, Охрид, Струмица и Работнички.