РФМ вети премии: 40.000 евра за сениорите ако се први во групата, 30.000 евра ако се второ место!

Машката ракометна репрезентација на Македонија е на добар пат да обезбеди пласман на Европското првенство во 2020 година.

На сениорите им требаат две победи за сигурно прво место, а Ракометната федерација на Македонија најави премија за обезбедниот пласман на ЕП.

Претседателот Живко Мукаетов најави дека премијата ќе изнесува 40.000 евра доколку сениорите бидат на првото место во групата, а 30.000 евра доколку избраниците на Брестовац бидат второ место.

Последен предизвик за репрезентативците ќе бидат средбите против Турција на гостински терен и против Грција во Скопје на 12, односно 16 јуни.