Рутински триумф на Текстилец

Ракометарите на Текстилец по минатонеделниот очекуван пораз од Бутел Скопје им се вратија на победите и триумфираа на домашен терен над екипата на Делчево со убедливи 37:26, во натпревар од 5 коло во Првата Лига.

Победата беше најавена уште во првиот дел, кога домашните ракометари водеа со 16:9, а во вториот дел само беше надополнета предноста до конечни плус 11, 37:26. Во домашната екипа најдобар стрелец беше Филип Хаџи Николов со 7 погодоци, а го следеа Мицев, Петров и Иванов со по 5 голови. Кај гостинската екипа најрасположен беше Гоце Ѓорѓиевски со 7 голови.