Рутенка: Ме нарекуваа предавник…

Поранешниот белоруски репрезентативец Сергеј Рутенка, кој имаше одлична кариера во Словенија, во Горење и Целје,  а потоа и во Сиудад Реал и Барселона, зборуваше за непријатните моменти со кои се соочил во кариерата.

„Имаше моменти во кариерата кога бев наречен предавник. Во ракометот е така, можете да го промените спортското државјанство и да настапувате за друга репрезентација. Играв за младинските репрзентации на Белорусија, а потоа и неколку пати за А селекцијата. Потоа не бев повикан во репрзентацијата две години, а Словенците ми понудија да играм за нив и да учествувам на Олиписките игри во Атина што јас го прифатив. Во тоа време разговарав со колегите од репрезентацијата, ми беше многу важно да ме разберат и наидов на нивно разбирање и одобрување. Во репрезентацијата на Белорусија се вратив во 2009 година на барање на тогашниот претседател на федерациајта, Владимир Коноплев“, рече Рутенка.

За репрезентацијата на Словенија, Рутенка одигра 40 натпревари и постигна 269 гола. Тој на Европското првенство 2006 година беше најдобар стрелец.