Руски атракции во Скопје, на цепелинот Лазаров-Сигурдсон аплаудираше и Шпаркасе Арена (ВИДЕО)

Вардар загуби на првиот четвртфинален натпревар против Веспрем во Скопје, но тоа не ги спречи двете руски крила Дибиров и Шишкарев да се најдат во изборот на најдобри ТОП 5 погодоци на колото. Дибиров се најде на третата позиција откако во својствен стил успеа да го матира Алиловиќ, а врвот му припадна на Данил Шишкарев кој со вртена топка од дланка успеа да ја дигне на нозе арената “Јане Сандански”.
Во овој избор се најде и Кире Лазаров кој му подготви прекрасен цепелин на својот соиграч Сигурдсон, по кој публиката во Шпаркасе арена со аплауз ги награди гостинските ракометари.
Арон Палмарсон и Стипе Мандалиниќ со погодоците во Скопје и Загреб го заокружуваат кругот на ТОП 5 погодоци по првите четвртфинални натпревари во ЕХФ Велукс Лигата на шампионите.

Валур Сигурдсон (Барселона, 5.место)
Арон Палмарсон (Веспрем, 4.место)
Тимур Дибиров (Вардар, 3.место)
Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб, 2.место)
Данил Шишкарев (Вардар, 1.место)

Top 5 Goals | Quarter-finals – Leg 1 | VELUX EHF Champions League

With exquisite lobs, fantastic in-flight goals and a back court rocket for good measure, Leg 1 of the quarter-finals delivered some of the very best goals of this season's VELUX EHF Champions League.Which of the five is your favourite?FCB Handbol Veszprém Handball Team RK Zagreb RK Vardar

Публикувахте от EHF Champions League в Понеделник, 25 април 2016 г.

фото: РК Вардар