Руската ракометна федерација во одбрана на Трефилов

Светското првенство во ракомет се одржа од 5 до 20 декември во Данска и Норвешката репрезентација успеа да стигне до златниот медал на ова натпреварување. Русија заврши на петтата позиција иако прикажа одлична игра во текот на целиот шампионат и доживеа само еден пораз. Составот на Трефилов изгуби во четврт-финалето од Полска резултат од 20:21. По завршувањето на првенството, претседателот на Руската ракометна федерација Сергеј Шишкарев задоволително го оцени настапот на Русија.

“Селекторот на Русија – Евгениј Трефилов сакаше да го оцени шампионатот како незадоволителен, но ние мислеме дека таквата оценка не е во ред. Сметаме дека во настапот на репрезентацијата недостасуваше среќа и тоа е причината за петтата позиција. Во моментов целта на репрезентацијата е подготовка за квалификацискиот турнир ” изјави Шишкарев.

Од 18 до 20 март, Русија ќе биде домаќин на квалифакациската група за Олимписките игри. Противници на Русија ќе бидат репрезентациите на Полска, Шведска и Мексико.