Русија ја совлада Романија, одлична Олга Черноиваненко

За време на ЕХФ неделата кога некои репрезентации играт квалификации за бараж натпреварите за СП, другите репрезентации против силни противници се подготвуваат за престојното европско првенство во Хрватска и Унгарија кое ќе стартува во декември. Репрезентацијата на Русија предводена од славниот – Евгениј Трефилов беше подобра од Романија со 31:28 ( 14:12) во пријателски натпревар.

Русија беше предводена од Ксениа Макеева и Полина Кузнецова кои го завршија натпреварот со четири постигнати погодоци. Вардаровото крило Олга Черноиванеко беше меѓу најдобрите стрелци со три погодоци.

Фото: rushandball.ru