Русија: Лада поразена од Звезда

Екипата од Тољати во рамките од петтото коло во руското домашно првенство беше поразена од Звезда со 28 : 26 . За разлика од претходните натпревари екипата на Лада одигра одлично прво полувреме кое заврши со предност од 15 -14.

Во вториот дел младите сили на Лада  не издржаа против искусните ракометарки од Звенигород. Во составот на Звезда најефикасна беше Јана Ускова со осум погодоци додека Марија Сидорова забележа 11 успешни интервенции. Во поразениот тим најефикасни со по четири погодоци беа Горшкова и Малашенко.

Поради подготовките на руската репрезентација натпреварите од руското  првенство ќе продолжат на 22 октомври.

Резултати петто коло: 

Лада – Звезда 26 : 28 ( 15 : 14)

Луч – Ростов Дон 30 : 37 ( 17 : 16)

Универзитет – Кубан 25 : 31 ( 15 : 14)

Астраханочка – Ставрополје 40 : 28 ( 18 : 17)

Динамо-Синара – Агу-Адиф 35 : 23 ( 16 : 14)


Распоред за шестото коло:

Звезда – Универзитет ( 22.10.2014)

Динамо- Синара – Луч ( 22.10.2014.)

Ростов Дон – Лада ( 22.10.2014)

Кубан – Астраханочка ( 22.10.2014)

Ставрополје – Агу -Адиф ( 22.10.2014)

 


 

Фото : www.handball.ru