Русија избира селектор: Торгованов или Воронин?

Руската ракометна федерација овие денови треба да донесе одлука околу иднината на селекторската позиција на најдобрата машка селекција. Во трка за селекторската фотеља се Димитри Торгованов и Лев Воронин, додека кандидатурата на Петковиќ е отфрлена бидејќи српскиот стратег не зборува руски јазик.
Димитри Торгованов е тренер на Санкт Петерсбург, екипа која е второпласирана во рускиот шампионат. Како активен ракометар со репрезентацијата на Русија има освоено осум медали, а најсјајна е златната од Олимписките Игри во Сиднеј 2000. Меѓу позначајните успеси се златните медали од Светските првенства во Јапонија и Шведска, како и златниот медал од Европското првентво во Шпанија 1996.
Иако неговата кариера како ракометар не е толку импресивна како онаа на Торгованов, Лев Воронин истотака беше дел од селекцијата на Русија која освои злато во Сиднеј 2000 година и беше првак на Европа 1996. Воронин моментално е тренер на екипата на Пармски Медведи(третопласирана екипа во руското првенство), тим кој е основан од претседателот на Ракометната Федерација на Русија, факт кој го издвојува како најсериозен кандидат за селекторската функција на ракометната репрезентација на Русија.
За руските медиуми генералниот секретар на федерацијата, Едвард Кокшаров истакна дека одлуката за наследник на Олег Кулешов ќе биде донесена наредниот понеделник, а конечниот збор ќе го има Министерството за спорт.
Русија заврши како 19-то пласирана на последното Светско Првенство во Катар, кое воедно носеше учество на еден од квалификациските турнири за Олимписките игри во Рио.