Русија доби нов женски владител: Ростов Дон шампион на Русија оваа сезона

Ракометарките на Ростов Дон ја освоија руската шампионска титула во женска конкуренција. Во двата натпревари против Лада Тољати, Ростов Дон триумфираше со 31:26 и 25:22. Со освоеното прво место, Ростов Дон како шампион на Русија автоматски обезбеди учество во Лигата на шампионките следната сезона.
Ростов Дон оваа сезона го освои и Купот на Русија, со што колекцијата на златни медали на клубот се зголеми.

Во борба за третото место Астраханочка ја совлада Звезда Звенигород со 29:19 (14:6) во првиот натпревар. Реванш средбата помеѓу Астраханочка – Звезда Звенигород се игра на 06.05.2015.

Веќе стариот шампион на Русија, Динамо Синара кој обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на шампионките, следната сезона на европска сцена ќе игра во ЕХФ Купот.