Русија во тага: Почина несуден ракометар на Металург!

Несудениот ракометар на Металург и поранешен руски репрезентативец, Сергеј Погорелов, бил пронајден мртов од неговата мајка, а причините за смртта се уште не се познати.

44-годишниот Погорелов ја започна кариерата во Каустик Волгоград, а најдобрите денови ги имаше во шпанскиот Сиудад Реал.

Четири пати беше шампион на Русија, а со националниот тим беше шампион на Европа во 1996 година, светски првак во 1997 година, како и олимиски во 2000 година.

Тој пред седум години беше на проба во Металург, но поради тоа што беше надвор од форма и нашиот тим требаше да го чека да се враќа на теренот, не му беше понуден договор.