Русија: Астраханочка го победи Динамо на домашен терен

Осмото коло од рускиот шампионат помина во улога на фаворитите, додека во Астрахан екипата на Астраханочка го победи Динамо.

Екипата на Лада пред своите фанови забележа важна победа против Луч со високи 38:24 ( 17:15). Со оваа победа Лада останува во трката за погорните позиции иако според играчкиот кадар и напуштањето на сите искусни ракометарки се предвидуваше дека екипата од Толјати ќе има потешкотии да се носи со посилните екипи.

Тимот на Звезда во Звенигород немаше проблеми против АГУ- Адиф 47:16  ( 25:7).

Евгениј Трефилов и неговиот Кубан забележаа победа против Ставрополје со минимални 33:29  ( 17:15).

Дербито во Астрахан помеѓу Астраханочка и Динамо Синара им припадна на ракометарките на Астраханочка кои по 60 минути игра издвојуваа победа над актуелниот руски шампион од Волгоград со резултат 27:25 ( 13:10).