Русите, Чесите и Летонецот експресно ја напуштија арената за да го стигнат возот

При прогласувањето на најдобрите ракометари на Ф4 турнирот во Брест на сцена ги немаше ракометарите кои се од Русија, Летонија и Чешка. Дибиров, Кристопанс (МВП на турнирот) и Хорак не се појавија на теренот во Викторија арена за да ги примат признанијата.

Објавнувањето е дека тие имаат репрезентативни обврски и одат веднаш да се стават на располагање на селекторите. Морале да го стигнат возот кој е во 22 часот, па за да не задоцнат не можеа да се појават на подиумот.

Во Вардар ги немаше и Шишкарев, Калараш и Кисељев при примањето на медалите, а за нив како и за Дибиров и Кристопанс и 24Ракомет веќе објави дека во Скопје ќе се вратат дури после ЕХФ неделата.

Ситуацијата е интересна особено ако се знае дека во случај да беше нерешено во финалето ќе мораше да се играат продолженија, а тоа значи дека ќе им избегаше возот.