Русите им земаа бод на Тунижаните: Македонија ја бара осминафиналната шанса против Шпанија или Бразил

Во првиот натпревар од денешната програма на Светското младинско првенство, Русија и Тунис ги поделија бодовите и ја закомпликуваа групата C. Тунис со овој бод е многу блиску до второто место во групата, а Русија се уште има шанса да се бори за пласман во осминафиналето. За тоа да се случи потребно е Македонија да загуби во последните два дуели од групата, а Русија да победи во дуелот со аутсајдерот Буркина Фасо.

Иaко речиси во текот на целиот натпревар Тунис ја одржуваше разликата на два до три гола предност, Русија во ниту еден момент не се предаде. Затоа кон самиот крај изедначија на 26-26 на пет минути до крајот. Тунижаните ја имаа инцијативата и не дозволија комплетен пресврт, но драмата во финалните минути беше неизбежна. Зајед повторно блескаше и им овозможи на тунижаните гол предност во последната минута(29-28), но Виноградов од пенал линијата повторно го изедначи резултатот. Иако Тунижаните го имаа последните 20 секунди за напад, не успеаа да го искористат и на крајот натпреварот заврши со изедначени 29-29.

Позиција Тим Земја Одиграни Постигнати Примени Разлика Поени
1 Шпанија 3 98 59 39 6
2 Тунис 4 140 109 31 5
3 Македонија 3 104 74 30 4
4 Русија 4 100 109 -9 3
5 Бразил 3 77 81 -4 2
6 Буркина Фасо 3 49 136 -87 0

Во последното коло од група Ц, Македонија ќе игра против Бразил во директен дуел за пласман во осминафиналето, додека Русија ќе има лесна задача да обезбеди победа против Буркина Фасо.