Русинката која пропатува илјадници километри за да ја даде својата поддршка на Инна Суслина

Кога станува збор за љубовта кон ракометот, за одредени фанови илјадниците километри не преставуаат никаква пречка. Како тим со голем број на интернацинални играчи, македонскиот шампион не престанува да добива различна поддршка во моментите кога ги игра најважните натпревари во Лигата на Шампионите.

Последен пример за верната поддршка на вардарки доаѓа токму од финалниот турнир во Будимпешта каде што русинката – Марија Болотко допатува дури од Русија за да ја даде својата подршка на Инна Суслина.

“Во Русија имаме многу силни ракометни школи, добри тренери и следствено на тоа и многу одлични играчи. Бидејќи Русија е огромна земја, кај нас имаме различни играчи па така некој се брзи и одлични техничари, друг пак се високи и имаат силни шутеви. Лесно да да се избре играч и тим за кој можеш да навиваш”

Budimpesta Vardar-Dinamo Sinara (20)

Вистинската љубов кон ракометот трае со години а токму голманот на вардарки – Инна Суслина е причината поради која младата русинка го пропатува светот за да ужива во ракометните натпревари.

“Русија е огромнa, тоа што за нас е московскиот регион за други е цела држава. Еден од првите ракометни натпревари на кој присуствував, беше  во Чехов, токму на натпреварот на Лигата на Шампионите помеѓу Звезда и Ѓер. Од мојот град до Чехов има околу три часа  и три типа на јавен превоз за да се пристигне до салата каде што се играат натпреварите. На овој натпревар јас отидов со една цел “во живо”  да ја видам Инна, да се сликам со неа и да земам нејзин автограм.”

“Натпреварот беше одличен но Звезда во последните секунди прими погодок со што екипата беше елиминирана од европските купови. После натпреварот отидов на теренот за да ја исполнам својата цел и да побарам автограм од тажната Инна која ме погледна тажно и ми рече: “Ајде, некој друг пат”. Кој знае што ќе се случеше ако таа се потпишеше, можеби повеќе немаше да одам на натпревари и тука ќе завршеа посетите на ракометот за мене. Но тоа не се случи, и одбивањето на автограм беше најдоброто нешто што ми се случи, со тоа го добив мојот омилен играч и екипа односно од тогаш почнав интезивно да ги следам Звезда и Инна Суслина.””

Емоциите кои што ги носи ракометот се различни и се движат од најголема радост, па се до голема тага. Разбирање за емоциите кои ги доживуваат играчите по само 3 седмици ја натерало Марија да се упати на следниот натпревар кој екипата на Звезда го играла во Звенигород, но овој пат среќата и се насмевнала по што добила автограм од Инна, и секако нејзино извинување за тоа што на минатиот натпревар Инна едноставно не можела ги совлада емоциите после поразот.

x_b0df3076

“Толку силно го засакав ракометот што просто не можам без него, и во случај кога немаме натпревари во домашното првенство одам на страна за да навивам за мојата екипа -Звезда. За 7 години направив над 30 посети во Русија (Волоград, Тољати, Ростов Дон, Санкт-Петербург, Краснодар  и Астрахан) но и во други земји како Бразил, Германија, Данска, Франција, Унгарија, Србија, Белорусија, Хрватска и Полска. Многу сакам да патувам и да истражувам нови места, но исто така да ја дадам мојата подршка на екипата, да видам како во другите земји навиваат за своите екипи и секако да навивам за својата екипа, и ова се емоциии кои просто со ништо друго не се споредуваат. Но сето ова можеби никогаш немаше да го доживеам доколку не ја запознаев Инна Суслина.”

Инна Суслина во тоа време беше дел од составот на Звезда Звенигород, но и по нејзиното заминување од екипата, Марија не престанува да ја бодри без разлика за кој состав настапува.

Со голем број на руски играчи во составот, вардарки имаат доста голема поддршка од навивачите низ цела Русија.

“За многу фанови од Русија – Вардар има посебно значење, поради тоа што во екипата настапуваат четири руски играчи. Сите ние ги следиме нивните настапи во Лигата на Шампионите и навиваме за нив. На пример, кога Вардар гостуваше во Волгоград околу 10 навивачи од Тољати и Москва, дојдоа да ја поддржат екипата. Јас исто така бев на натпреварот за да ја бодрам Инна.”EDKqrq41e2Q


“Натпреварот заврши со сигурна победа на Динамо, а веднаш по натпреварот Инна се извини за поразот и кажа дека “секој пат кога обидуваш да направиш некого среќен, нештата не излегуваат како што посакуваш, и ми рече да дојдат во следната сезона кога се надева дека нештата ќе бидат подобри.”

“Но, јас реков дека битката не е изгубена и на крајот Вардар успеа да пристигне во Будимпешта. Имав среќа што Динамо и Вардар играа во различни полуфиналиња па можев да навивам за Русија во двете средби. Најтешкиот дел беше на натпреварот за бронзениот медал кога од една страна го имав рускиот клуб, од друга страна беше клубот Инна. Иако сум тажна што Динамо не успеа да освои медал на Лигата на шампионите, многу сум среќна за Инна и нејзината бронза бидјеќи таа го заслужува само најдоброто.”

JVLxWu1kaLM

Што е она што ја прави Инна пред се прекрасен човек, а потоа толку посебен играч, младата русинка не штедејќи на епитети вели.

“Инна е апсолутно единствен играч и невeројатен човек. Таа секогаш игра до крај и се грижи за  резултатот, емоциите со кои таа ги доживува натпреварите се просто неверојатни. Таа е вистинска ѕвезда, дури и во Русија, каде што ракомет не е многу популарен. Кога таа ќе пристигне секогаш има цел ред на луѓе кои чекаат на автограми, слики. Таа успева за секој да каже убави зборови, да се заблагодари за поддршката  и да се насмевне и тоа дефинитивно ја прави да биде прекрасна личност.”

DSC_7496

Со новата сезона, Марија очекува дека екипата на Вардар конечно ќе ја пронајде својата игра и ќе стигне до титулата.

“Среќна сум што во моментов Инна е дел од силна екипа како Вардар и вистинска задоволство е тоа што имам шанса да ја гледам на натпреварите во Лигата на Шампионите. Се надевам дека во новата сезона ќе дојдам во Скопје и со тоа ќе ја проширам картата на ракометни градови кои сум ги посетила, а Инна секако ќе ја добие мојата бескрајна поддршка со желба екипата во следната сезона да одигра одлично и да стигне до титулата во Лигата на Шампионите.