Ројевски ќе настапува за родната Полска

Репрезентацијата на Полска ќе добие засилување во името на поранешниот германски репрезентативец Андреас Ројевски. Како што објави Полската ракометна федерација Ројевски (роден во Полска) во иднина ќе го носи “црвено-белиот” дрес на Полска, која е предводена од германскиот тренер Михаел Биглер. Тој своето деби ќе го има на престојното СП во Катар кое ќе се одржи во Јануари.

Ројевски кој шест пати го има носено дресот на германскиот национален тим, а воедно беше и јуниорски Светски шампион во 2004 година, сака да го оствари својот сон, а тоа е да настапува на Олимписките игри за земјата во која е роден.

“Среќен сум што добив покана од Махаел Биглер да настапувам за Полска”– вели леворакиот бек. Биглер и Ројевски се познаваат од времето кога соработуваа во дресот на Магдебург.

Покрај желбата да настапува на Олимписките игри во Рио, настапот на престојното СП во Катар, како и ЕП во Полска биле исто така едни од клучните фактори за неговата одлука да настапува за Полскиот национален тим.
Ројевски смета дека нема да има никакви проблеми со аклиматизацијата во новата репрезентативна средина бидејки веќе има играно со неколку ракометари од Полската репрезентација, а и одлично го говори Полскиот јазик.