Ростов убедлив против Лада

После подолгата пауза во руското првенство се одиграа натпреварите од шестото коло.

На домашен терен Ростов беше убедлив против Лада и забележа висока победа од седум погодоци разлика 32:25.

Како новина на овој натпревар беше потегот на тренерот на Лада – Акопјан кој шанса да настапи на овој натпревар и даде на 14 годишната Екатерина Кудрјавцева. Младиот лев бек на Лада одигра во последните пет минути на крајот на првото полувреме и имаше два упатени удари кон противничката мрежа.

Резултати 6то коло

Звезда  – Университет  38:30 (22:14)

Динамо-Синара – Луч  34:24 (19:13)

Ростов-Дон – Лада 32:25 (18:12)

Кубан -Астраханочка    23:32 (10:18)

Ставрополjе-СКФУ – АГУ-Адиф 38:29 (22:15)