Ростов продолжува во победнички ритам

На само неколку дена пред стартот на вториот дел на Лигата на Шампионите, рускиот првак Ростов продолжува со уведливото издание во домашното првенство.

Во натпреварот од 11 коло одигран на гостински терен во Тољати, избраничките на Јан Лесли тримуфираа над вице-првакот Лада Тољати со резултат 30-26 (14-11). Иако младата Дмитриева постигна 9 погодоци сепак тоа не беше доволно за победа на нејзината екипа бидејќи на спротивната страна Седојкина со 16 одбрани, како и одличните Сен и Шимкуте со по 5 погодоци беа предводници на победата на рускиот преставник во Лигата на Шампионите.

Како првопласиранa во групата А со 8 поени, екипата на Ростов во сабота на домашен терен го пречекува составот на ФТЦ. Натпреварот ќе се одигра во 16 часот по локално време.