Ростов му врати на Митјиланд со камата

Ракометарките на Ѓер со висока победа на Брест Бретањ, 26:17, ја завршија групната фаза во Лигата на шампионите. Иако не им значеше ништо во поглед на пренесување бодови, европските шампионки немаа милост за дебитантот во ова натпреварување. Брох и Мерк го предводеа домашниот напад.

Ростов Дон, му врати на Митјиланд со камата за првиот пораз во Данска и победи со 27:20, па ќе пренесе 4 бодови во следната фаза од дуелите со скандинавскиот противник и со Ѓер. Петрова и Илина беа главни актерки во победничкиот тим со 6, односно 4 голови.