Ростов и Лада ќе се борат за шампионската титула на Русија

Екипата на Ростов Дон и Лада ќе се борат за шампионската титула на Русија. Ракометарките на Ростов Дон ги оправдаа сите очекувања и се пласираа во големото финале. Изненадување е екипата од Тољати која оваа сезона во Супер лигата настапи со изменет состав, голем дел од ракометарките во претходната сезона настапуваа за младинската и пионерската екипа на Лада. Ростов Дон на убедлив начин стигна до финалето, со две победи против Астраханочка, на првиот натпревар кој се одигра во Астрахан, Ростов Дон триумфираше со еден разлика 23:22, додека пред своите фанови забележа убедлива победа со високи 36:18. Лада успеа да ја совлада Звезда Звенигород на двата натпревари, 33:26  и 27:23.

Динамо Синира доживеа тотален неуспех оваа година бидејќи не се пласира меѓу најдобрите четири екипи во Русија.

Фото:handball.ru