Ростов Дон ја запиша првата победа во Лигата на Шампионите

Во последниот денешен натпревар во Лигата на Шампионите, Ростов Дон на домашен терен го пречека данскиот преставник Митјиланд и триумфираше со резултат 26-20 (13-12).

Екипата на Јан Лесли се најде во „групата на смртта“ во Лигата на Шампионите и по двата порази од Букурешт и Ѓер, конечно ја почуствува радоста на домашен терен. Предводени од Илина, Вјахирева и Бобровникова, ракометарките на Ростов минималната предност од 13-12 во првиот дел ја претворија во победа со резултат 26-20.

Најрасположени за игра во таборот на Митјиланд беа Бургaард и Кристиансен со 5 погодоци.

Во следното коло кое е на програмата следната недела, Митјиланд на домашен терен ќе има шанса да се реваншира за денешниот резутат.