Ростов Дон пазари во ЖРК Вардар

Непоразената екипа во досегашниот дел на Лигата на шампионките, Ростов Дон, од следната сезона ќе биде засилена со две ракометарки на ЖРК Вардар.

По ангажманот на Сираба Дембеле, рускиот состав ја обелодени и соработката со десното крило на Вардар, Олга Черноиваненко.Ростов и руската репрезентативка се договориле за едногодишна соработка.

Черно

Пред да пристигне во Вардар, Черноиванеко 11 сезони настапуваше за екипата на Лада Тољати.