Ростов Дон добива нов тренер

Руската екипа Ростов Дон за новата сезона ќе има нов тренер. Данецот Јан Јесли ќе го преземи кормилото на Ростов Дон , екипа која не успеа да го освои рускиот шампионат. Јесли доаѓа од данскиот тим Рандерс, а со неговото доаѓање Ростов Дон ќе добие одличен стратег.

Јан Јесли има 15 годишно искуство во својата работа, има освено многу медали со своите тимови. Прва екипа која ја раководеше беше  Ејзберг ( 2000 година). Со екипата на Рандерс го направи својот најголем успех во кариерата, прво титулата во сезона 2009/10 во ЕХФ купот, потоа една година подоцна и шампионска титула во данското првенство.