Ростерот на Металург уште не е затворен, има место за уште еден бек

Екипата на Металург ги одработува подготовките за новата сезона, а веќе трет ден ракометарите се наоѓаат на Копаоник. Тимот не е комплетен поради тоа што дел од ракометарите се со кадетската селекција, но и без тоа ростерот не е затворен.

Во играчкиот кадар има неколку нови ракометари, но постои можност за уште барем еден нов ракометар на бековската позиција со што би се добило на квалитет за претстојната сезона.

Засега нема информации околу тоа кој би можел да биде играчот што ќе го засили клубот, но очигледно тоа би требало да биде ракометар кој би направил разлика во составот и што ќе биде од помош за натпреварите во Купот на ЕХФ, а секако и за дуелите од домашното првенство. Сепак, за домашна сцена тоа ќе биде многу поважно во вториот дел од сезоната кога ќе почне плеј-оф лигата.