Романија убедлива против Полска за бронза на СП во Данска

Селекцијата на Романија во борба за третото место беше убедлива против Полска со високи 31:22 (15:8). Романија во текот на целиот натпревар беше во водство и по почетните 1-1, Неагу, Унгуреану и крилните играчи на селекцијата на Романија од минута во минута го зголемуваа водството. Репрезентативките на Полска пред финишoт на првиот дел со две ракометарки повеќе си нивните противнички да ја зголемат разликата за плус седум.

Во вториот дел ништо не се смени, а селекторот на Полска, Ким Расмусен, ги испроба сите можни варијанти на терен. Иако ракометарките на Романија во последните минути се опуштија сепак ја зачуваа предноста која ја градеа во текот на целиот меч.

Најефикасна на натпреварот беше Кристина Неагу со десет погодоци.