Романија навива за Ангола!

Во клучниот натпревар за влез во нокаут фазата репрезентацијата на Романија доживеа пораз со резултат 28-27. Со овој резултат Романија мора да се надева на пораз на Шпанија против Ангола за влез во четврт-финалето, а Норвежанките пак, со оваа победа стигнаа до првата позиција во групата А.

Стартот и припадна на Нора Морк која постигна два последователни погодоци за нејзината репрезентација, а Неагу возврати со иста мера на спротивната страна. Почетокот на десетата минута го донесе првиот погодок на Хејди Локе со што Норвешка стигна до 7-5, но расположение беа ракометарките на Романија и за само две минути ги изедначија резултатот 7-7. И во минутите кои следуваа натпреварот го имаше истиот тек, а Романија во 19тата минута дојде до прво минимално водство 10-9, но Офтедал повторно ја врати предноста во рацете на Норвежанките 12-10. Романија имаше неколку шанси за изедначување на резултатот но на крајот мораше да се задоволи со минимална негатива 13-14 на полувреме.

Асистенцијата на Неагу, значеше гол за Манеа со кој Романија изедначи на стартот на вториот дел 14-14. По само осум минути игра за првпат Норвешка стигна до 4 погодоци позитива 21-17. Неагу беше ракометарката која ја одржуваше Романија во натпреварот, но одличната Гримбсо и екстремно брзиот контра напад на Норвежанките ја донесоа новата победа за скандинавската репрезентација 28-27.

Кристијасен со 7 и Неагу со 11 погодоци беа најрасположени за игра на теренот во „Арената на иднината“.