Романија и Германија во финалето на Светското првенство за кадетки

Репрезентациите на Романија и Германија ќе се сретнат во големото финале на Светското кадетско првенство за ракометарки до 18 години.

Во полуфиналните пресметки , Романија беше подобра од Црна Гора и го доби натпреварот со резултат 28:25 ( 12-13). Натпреварот меѓу Црна Гора и Романија од трибините го следеше црногорската репрезентативка Катарина Булатовиќ, но и нејзината поддршка не беше доволна за репрентативките на Црна Гора на кои им останува борбата за бронзениот медал против репрезентацијата на Данска.

Во другиот напревар пак, Германија одигра одличен натпревар против Данска и заслужено е последниот патник во големото Финале. Германките во Охрид триумфираа со резултат 26:24  ( 10-10).

Финалето е закажано за 3 август во Охрид со почеток во 17:00 часот, додека натпреварот за третото место ќе се одигра на истиот датум со почеток од 14:30. Влезот за натпреварите останува слободен.