РОМАНИЈА Е ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ (ФОТО)

Се зголемува македонската ракометна колонија во Романија, откако РК Одерхеи објави дека Милорад Куковски е најновото засилување на овој клуб.

Повремениот македонски репрезентативец ќе биде третиот македонец во Одорхеи и ќе им се приклучи на староседелецот Кузмановски и Гоце Ојлевски кој минатата сезона го засили романскиот клуб.

kukoski

На официјалниот сајт на Одорхеи, Куковски е претставен како специјалист во одбрана кој многу ќе и помогне на екипата во престојната сезона.

Претходно боите на Одорхеи ги бранеше уште еден македонец, Лазе Мајнов, а дека во моментов Романија е ветената ракометна земја за македонците сведочат и ангажманите на Мојсовски,Ангеловски, Даскаловски, Геогриевски, како и тренерите Шундовски и Бошковски кои се дел од романскиот шампионат.

Куковски во својата досегашна кариера настапуваше во екипите на Вардар, Зомимак и Пелистер, а во Романија пристигнува од екипата на Металург.