Ролевски: Од Пролет никој лесно не си заминува со бодови!

Дерби натпреварот во 5 коло од Суперлигата ќе се одигра вечерва во Скопје меѓу Пролет и Еурофарм Работник. Гостите имаат две победи и едно реми од стартот на новата сезона, додека Пролет ја забележа првата победа минатиот викенд, кога славеше на гости кај Вардар Јуниор. Десното крило Филип Ролевски ја препушта фаворитската улога на гостите, но предупредува дека никој не може да освои лесни бодови на нивното боиште.

„Работник ни е позната екипа, знаеме сите дека се фаворити во однос на победата, а имаа и поискусни играчи во ростерот. Тоа не значи дека лесно ќе ги освојат бодовите. Лани имавме победа, се надевам дека и оваа година би го направиле истото. Оваа година Пролет е поамбициозен со млади и за една година поискусни играчи. Би им препорачал на сите љубители на ракометот да дојдат, а ние ветуваме добар ракомет.“ – вели Ролевски.

Мечот меѓу Пролет и Работник се игра вечерва во салата „Македонски Сонце“ со почеток во 19:30 часот.