Роланд Миклер: Одиме на победа и во Веспрем, пред најдобрата публика во Европа!

Унгарскиот репрезентативен голман и член на Веспрем, Роланд Миклер, е оптимистички расположен и пред реванш натпреварот во сабота против Вардар. Човекот кој со одбранетиот седмерец на Брумен, го одржа шансите на својот тим за победа, во изјава за официјалниот сајт на Веспрем вели:

Играме два меча едноподруго и тоа може да биде предност за нас. Во последната минута во Скопје помислив дека ќе го изгубиме натпреварот, а по тоа можеше да остане лузна кај нашите играчи. Но сепак ние успеавме да го свртиме натпреварот во наша корист, што ни дава ментална предност пред реваншот. Наредниот натпревар го играме на домашен терен пред најдобрата публика во Европа и незамисливо е да не победиме. Но сигурно Вардар ќе направи се да ни отежне работата.