РОЖЕРИО СЕ ПРОСТИ ОД ВАРДАР: БЛАГОДАРАМ МАКЕДОНИЈО – ДОВИДУВАЊЕ (ВИДЕО)

Иако не се појави на вчерашната прослава на шампионската титула во Скопје, бразилскиот ас Рожерио Мораес Фереира не заборави на навивачите на Вардар.

Тој објави видео компилација од неговите најдобри моменти во „црвено-црниот“ дрес и освојувањето на многуте титули со Вардар.

„Ви благодарам многу. Благодарам Македонија. Довидување“, напиша Мораес.

Од следната сезона тој ќе го носи дресот на унгарскиот шампион Веспрем.