Родриго Коралес во ПСЖ од следната сезона до 2020 година

Младиот шпански голман, Родриго Коралес ќе ги брани боите на францускиот првак ПСЖ од 2017 година. Третиот голман на репрезентацијата на Шпанија, потпиша договор со „светците“ од Париз кој ќе започне на 1-ви јули 2017, а ќе трае во наредните три.

24-Годишниот чувар на мрежата е актуелен член на полскиот клуб Висла Плоцк, каде моментално е на позајмица од Барселона. Оваа сезона во најсилното натпреварување го одигра дуел против ПСЖ, каде беше забележан од управата на ракометниот гигант.

По потпишување на договорот Родриго Коралес изјави:

Среќен сум што потпишав со Париз Хандбол. Со нетрпение очекувам да им се приклучам на новите соиграчи. Париз за мене е најдобриот избор и знам дека ќе напредувам во овој клуб. “

Во овој момент на голот на ПСЖ е легендарниот Тјери Омејер кој истотака го продолжи својот договор до 2020 година.