Роберто Парондо и во Скопје на рацете на навивачите (ВИДЕО)

Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо вчера се најде на рацете на навивачите во Сегедин, а денеска го доживеа истото и во Скопје.

Откако се симна од автобусот веднаш беше обиколен од фановите и не можеше да се извлече лесно, па мораше неколкупати на нивните раце во воздух.

Пречекот беше одличен, а Парондо и момците тоа го заслужија.