Роберто Парондо: Интензитетот не смее да падне и утре на победа против Стеауа

Победата над Монпелје во саботата во Лигата на шампионите ја крена уште повеќе атмосферата во таборот на Вардар, па ракометарите сега се подготвени за уште повеќе во сите натпреварувања.

Мотивацијата кај ракометарите е на високо ниво, а тоа најавува и интересна средба утре против Стеауа во рамки на СЕХА-лигата.

„Стеауа е добар тим и во своите редови има ракометари кои играат добар ракомет. Имаме три победи во ова натпреварување, а после победата над Монпелје сме концентрирани само на оваа средба. Важно е да не го загубиме нивото на интензитет и да дојдеме до нова победа“, коментираше Парондо на денешниот прес пред средбата против Стеауа.

Дуелот утре почнува од 20:15 часот, а Вардар утре може да дојде до 30. натпревар во серија без пораз во регионалното натпреварување.