Робертина Мечевска се бори за живот!

Македонската репрезентативка, член на ЖРК Вардар, Робертина Мечевска денес е пренесена во Ургентниот центар во Скопје со повредите здобиени од падот од петти спрат. Сеуште не се познати причините за страшната несреќа која денес ја вознемири македонската публика.
Несреќата се случила во зградата во која што живее во скопската населба Аеродром, Мечевска се здобила со сериозни повреди на градниот кош, а лекарите сеуште се борат за нејзиниот живот.